Катастрофа на Тајван: Погледнете како се урнал хотел при страшниот земјотрес! Се трага по заробените во урнатините

 

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала вчера го погодил Тајван, а на социјалните мрежи се појавиле фотографии од еден хотел кој се руши во местото Хаулиен.

На снимките може да се видат улици прекриени со прашина и делови од згради. Зградата на хотелот целосно се накривила на страна, а првиот кат е целосно уништен. 

Засега нема информации за евентуални жртви во хотелот.

Како што се наведува, најмалку 5 згради се урнале при земјотресот.

 

DEVELOPING: Multiple buildings seen toppled and collapsed in city of Hualien after prelim. magnitude 6.4 earthquake strikes off northeast coast of Taiwan

 

Земјотресот се случил на 22 километри од тој град, на длабочина од еден километар. Загинале најмалку две лица, а повеќе од 100 се повредени.

Новинарката Луис Ват рекла дека нејзиниот стан се тресел, а во исто време добила и порака на телефон која предупредува за опасност.

Службите за спасување се обидуваат да ги ослободат луѓето кои останале заробени во хотелот, а медиумите пренесуваат дека мостот на источниот тајвански брег не е во функција.

Треба да знаете
Последни објави