
Берзите ширум светот паѓаат, а американскиот индекс “Dow Jones” изгубил дури 4,6 проценти од вредноста, што е најголем пад за шест и пол години.
Главните индекси во Њујорк, Токио и Лондон претрпеле големи загуби.
Аналитичарите се обидуваат да сфатат дали станува збор за краткорочна корекција на пазарите, која неодамна постигнала рекордни износи, или пак знак за подлабока загриженост.
Берзите ширум Азија и Европа доживеале пад. Јапонскиот индекс “Nikei” во текот на денот имал најголем еднодневен пад од 1990. година, но до крајот на денот се поправил, така што при затворањето на берзата “Nikei” бележел пад од 4,7 проценти. Хонгконшкиот индекс паднал за 5 проценти, додека лондонскиот FTSE изгубил 3 проценти од вредноста.
Краховите на берзите ширум светот всушност се последица од најголемиот пад на американскиот индекс “Dow Jones” во шест и пол години.

Зошто се случува тоа?
Проблемите на пазарот започнале минатата недела, кога инвеститорите се загрижиле дека најавите за раст на инфлацијата и каматните стапки, заедно со рекордниот раст на пазарот, би можеле да ја исфрлат американската економија од шини. Енергетските компании, банки и индустриски компании од петокот имале најголеми загуби.
Зголемената инфлација може може да ги поттикне Федералните резерви побрзо да ги кренат каматните стапки, што би можело да го забави економскиот раст така што позајмувањето на пари би поскапело и за граѓаните и за претпријатијата. И приносите на обврзниците не биле високи како до сега. Тоа ги прави попривлечни за инвеститорите од вложување во акции.
Експертите неколку пати предупредувале во изминатите месеци дека пазарните акции и обврзници почнале да “вријат”. И некои аналитичари велат дека моменталните загуби би можеле да бидат добра работа.
“Оваа корекција е здрав развој на пазарот на долги патеки”, напишал во истражувањето во понеделникот Скот Минерд, глобален инвеститор.

Зошто турбуленциите во САД влијаат на глобалните пазари?
САД се најголема светска економија и дом на најголемите финансиски пазари на планетата. Доларот е референтна валута за инвеститорите ширум светот.
Тоа што се случува на Волстрит речиси неизбежно има влијание и на остатокот од светот. Пазарите во другите глобални финансиски центри, како Лондон и Токио, се посебно чувствителни на тоа.
Меѓутоа, позатворените системи, како Кина, често се помалку погодени. Акциите во Шангај од четвртокот се намалени за 2,2 проценти, во споредба со 8-те проценти во Токио.



