Судот во Стразбур пресуди во корист на Велија и Емел Рамковски
Судот за човекови права во Стразбур, пресуди во корист на Велија Рамковски и неговата ќерка Емел Рамковска, кои поднесоа тужби до судот за критериумите по кои бил одреден притворот и за должината на притворот во „Пајажина“, пишува Нова ТВ.
Според нивниот адвокат Филип Медарски, судот утврди повреда на член 5, став 3 од Конвенцијата (право на слобода, непостоење на причините за притвор ). Ова значи дека македонските судии не ги зеле предвид објективните критериуми при определување на притворот, туку донеле одлука за притвор без да дадат конкретни аргументи по ниту една од трите точки: опасност од бегство, повторување на делото или влијание врз сведоци – кои можат да бидат причини за определување на притворот.
Поради ваквата повреда, судот пресуди дека државата треба да исплати парична оштета од по 780.000 евра за двајцата. Дополнително, ќе се утврдува дали има основа да се поведе постапка и пред македонските судови за начинот на кој бил одреден притворот.