Лари Гомез од Сан Бернардино во Калифорнија е највлакнестиот човек на светот. Дури 98 отсто од неговото тело, вклучувајќи го и лицето, го прекриваат густи црни влакна. Тоа е последица не хипертрихоза, ретко генетско пореметување, кое го имаат помалку од сто луѓе во целиот свет.
Лари додека бил млад многу страдал поради тоа што често бил на мета на подбивање меѓу своите врсници, но откако настапил во неколку холивудски филмови, научил да ја прифати својата различност во однос на другите.
Неговата новостекната самодоверба му помогнала да ја пронајде и својата љубов, па неодамна се оженил со Алисија Мартинез која ја запознал уште во 2011 година.
„Тоа што сум највлакнестиот човек на светот ме прави посебен“, вели тој.
Објаснува дека влакната ги крати отприлика еднаш месечно, но тие многу бргу повторно растат.
„Луѓето ме прашуваат дали тоа ме чеша? Не, живеам сосема нормално“, вели Лари.
Уште три членови на неговото семејство страдаат од истото пореметување. Кај мажите обично се појавуваат долги црни влакна, додека кај жените се нешто потенки и посветли.
Во 2000 година влегле во Гинисовата книга на рекорди како највлакнестото семејство на светот.
Тој и неговиот брат Габриел во тоа време настапувале во Мексиканскиот национален циркус, но Лари во меѓувреме тргнал понатаму, односно толкувал улоги во неколку холивудски филмови.