Патот Истибања – М. Каменица поради одрони ќе биде во прекин уште 4 дена
Ивица Димитров, градоначалникот на општина Виница попладнево објави дека патниот правец од село Истибања до Македонска Каменица ќе биде во прекин уште најмалку 4 дена.
Тој денеска беше на местото каде има одрони на карпите и информираше дека е веќе договорено со компанијата „Гранит“ да се минираат и другите напукнати карпи, а тоа ќе значи дека патниот правец ќе биде затворен во следниве 3-4 денови.
Алтернативно решение е патниот правец од Пекланска река – Биглата.