
Според лидерот на грчката партија Ставрос Теодоракис, прифатливо решение за спорот за името е Горна Македонија, но без превод, како што се изговара на македонски.
Тој пред членовите на највисокиот орган на движењето говореше за актуелните случувања во Грција, меѓу кои и прашањето за името, како и случајот со фармацевтската компанија Новартис.
Теодоракис истакна дека терминот Горна Македонија, непреведен е прифатлив за нив и побара од Македонија да ги промени учебниците, да се ослободи од иредентизмот, по што тие ќе подаделе рака за договор.
Лидерот на Река истакна дека тие немаат заеднички точки со говорниците и слоганите од собирите за „одбрана на Македонија“ и според него Грција може да доминира на Балканот само како примарна сила во економијата и културата, а не затоа што става вето.



