Филипче по доаѓањето на министерското столче му потпишал решение на Државниот секретар за одвоен живот?

Филипче по доаѓањето на министерското столче му потпишал решение на Државниот секретар за одвоен живот?

Министерот за здравство Венко Филипче по седнувањето на министерското столче му потпишал решение на Државниот секретар Владо Милошев за одвоен живот кој зима дополнителни средства од Министерството за здравство и ако нема таква одлука на Влада.

Инаку Државниот секретар на Министерството за здравство Владо Милошев секојдневно патува со службено возило од Министерството за здравство и користи личен возач на релација Штип – Скопје.

24 инфо неколку пати им упати прашања на ПР тимот на Министерството за здравство до објавување на текстов немаше одговор, воедно и јавно ги прашуваме

Дали Државниот секретар Владимир Милошев зима дополнителни средства за одвоен живот од Министерството за здравство ?

Дали секојдневно патува со службено возило на релација Штип – Скопје ?

Дали користи и има право на личен возач ?

Премиерот Заев на неколку наврати кажа дека нема да има веќе злоупотреба на државните ресурси и дека тоа време е завршено, но некој сеуште не ги почитува.

Треба да знаете
Последни објави