Сте забележале ли дека во последно време комбинацијата од портокал и ѓумбир е навистина популарна.
Покрај ѓумбирот и портокалот, за зголемување на расположението е заслужен и морковот бидејќи му дава на сокот интензивно портокалова боја и ги балансира вкусовите.
Состојките се доволни за една голема чаша сок, кој ќе ја сопре жедта, ќе ја излаже гладта и ќе ја намали потребата за попатни грицкања.
Состојки:
– парче ѓумбир со големина од еден сантиметар
– 450 гр морков
– 2 портокали
Подготовка:
Измијте ги, излупете и изрендајте ги ѓумбирот и морковот. Во соковникот најпрвин ставете го ѓумбирот, а потоа портокалот и морковот. Сервирајте веднаш, можете да додадете и неколку коцки мраз.