Австралиската фитнес кралица Емили Скај која постајно ги инспирира жените низ целиот свет како да живеат здраво и со вежбање да го доведат своето тело до совршенство, а откако се породи покажа како изгледа нејзиното тело. Со овој чин таа сака да ги охрабри жените да си го прифатат телото во секаков облик за време на различните фази во животот.
Поради здравствени причини пред пораѓајот, Емили престанала да вежба во теретана, а откако се породи во декември, нејзината фигура не е како порано. Таков е случајот со многубројни блогерки и познати личности кои во многу краток рок ги враќаат стомачните.
“Започнав да вежбам месец дена после пораѓајот. Има многу работа, ми останаа десетина килограми вишок. Патот не е лесен, покрај многубројните обврски кои мајчинството ги носи со себе”, вели таа иако не наиде на разбирање од нејзините фанови.
“Телото ти е уништено, никогаш повеќе нема да изгледаш како порано”, напишаа некои од нив, додека имало и мајки кои се полни со разбирање и кои се пронашле во нејзините слики.
“Не е реално после пораѓајот веднаш да се вратиш на старото тело. Потребен е труд и трпение, но моите стомачни ќе излезат брзо на виделина. Моментало не изгледам сјајно, но мајчинството ми даде многу поголема сила. Тоа е она што е важно и знам дека ќе ги остварам моите планови”, порача симпатичната бринета.