Чавков повеќе од два часа ја давал својата одбрана за крвавиот четврток

Чавков повеќе од два часа ја давал својата одбрана за крвавиот четврток

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, вчера повеќе од два часа ја давал својата одбрана пред обвинител, за настаните на 27. април во Собранието на Македонија, објави Телма.

Неговиот адвокат потврди дека распитот е одржан, но дека поради наредба на обвинителката подетални информации не смеат да бидат споделени со јавноста.

На распит вчера бил и пратеникот Крсто Мукоски, кој е обвинет дека ја отворил вратата од Собранието за влез на демонстрантите на 27 април.

Пред обвинител бил повикан и Јане Ченто, а вкупно тројца обвинители вчера сослушувале осомничени за овој настан. Денеска искази давале сведоци, а утре би требало своите одбрани да ги дадат и последните неиспрашани осомничени.

Треба да знаете
Последни објави