Просечната бруто месечна плата во Словенија порасна минатата година на 1.626,95 евра и номинално е поголема за 2,7 проценти, а реално за 1,3 проценти во однос на 2016 година, соопшти словенечката Канцеларија за статистика.
Просечната нето месечна заработка пораснала на 1,062 евра, што е номинално зголемување од 3,1 проценти, а реално од 1,7 проценти во однос на 2016 година, пренесува словенечката агенција СТА.
И во приватниот и во јавниот сектор е забележн раст на просечната месечна заработка.
Просечната бруто заработка во јавниот сектор достигнала 1.889,54 евра, а во приватниот 1.497,96 евра, што и во двата случаи е за 2,9 проценти повеќе во однос на 2016 година.