Ново истражување: Две чашки пиво или вино навечер за долг живот

Пиењето на две чашки вино или пиво навечер, односно зголемувањето на телесната тежина за неколку килограми, може да биде таен рецепт кој ќе ви помогне да ги доживеете деведесеттите години, се тврди во ново истражување.

Во истражувањето биле анализирани навиките на лица кои живееле подолго од 90 години и било утврдено дека консумирањето на алкохол е еден од петте клучни фактори за долг живот.

Оние кои пиеле по две чашки вино или пиво секоја вечер имале намален ризик од прерана смрт за 18 отсто, во однос на оние кои ја немале оваа навика.

Откриено е и дека неколку килограми повеќе од идеалната тежина, но не премногу, исто така го намалуваат ризикот од прерана смрт за близу три отсто.

Професорка од Универзитет во Калифорнија, следела 1.700 луѓе кои биле во своите 90-ти години од 2003 година.

Таа утврдила дека луѓето кои дневно посветувале два часа на хоби имале 21 отсто помал ризик од прерана смрт, додека оние кои вежбале меѓу 15 и 45 минути дневно го намалиле овој ризик за 11 отсто.

Консумирањето на две шолји кафе дневно го намалува ризикот од прерана смрт за 10 отсто.

Претходни истражувања укажувале на тоа дека умерената консумација на алкохол го намалува ризикот од срцев удар и срцеви заболувања.

Исто така, лицата кои се слаби имаат 50 отсто поголем ризик од прерана смрт.

Поради тоа, научниците советуваат да ја зголемите телесната тежина за неколку килограми кога ќе влезете во средни години.

 

Треба да знаете
Последни објави