Екипата на Милан веќе десет натпревари во низа е без пораз во сите на натпреварувања, а тоа секако ги врати насмевките и оптимизмот оти оваа сезона може да биде комплетирана на посакуван начин со остварени цели.
Клубот добро чекори во Лига Европа и Купот на Италија, а во Серија А е се поблиску до самиот врв, или поточно до топ 4 местата кои носат пласман во Лигата на шампионите. За овие резултати најголеми заслуги има Џенаро Гатузо кој успеа да го трансформира составот по преземањето на функцијата од Винченцо Монтела, па сега составот поинаку изгледа на теренот и најдобар доказ се резултатите.
Големи пофалби на сметка на Рино дојдоа и од Карло Анчелоти кој воедно верува дека „црвено-црните“ можот да дојдат до ЛШ, но под еден услов.
– Однесувањето на Гатузо на крај линијата на теренот е само начинот на кој тој го доживува фудбалот. Ако беше странски тренер ќе кажеа тоа е карактер. Во фудбалот, супстанцијата е единственото нешто што се брои. Рино го оживеа Милан, давајќи му стил и идентитет. Среќен сум за него и за сите навивачи на „росонерите“ вклучувајќи ме и мене. Знаејќи го Рино, тој секогаш бара совршенство. Толку многу пати викаше по Сидорф, Кака или Пипо Инѕаги на теренот! Секогаш правеше притисок. Верувај те ми, Рино не зема ништо здраво за готово. Милан може да стигне до Лигата на шампионите доколку го задржи ова темпо, но не смееме да ставиме премногу притисок врз него. Има потреба тие пред него да успорат, да бидат подготвени доколку Рома, Лацио или Интер имаат потешкотии. Гледајќи од каде почнаа, да се биде тука дури и да се зборува за Лигата на Шампионите веќе е одличен резултат. Да се заврши пред Интер ќе биде огромно достигнување, но во овој момент тие се борат толку лошо што се плашам дека Милан треба да ги брка Рома или Лацио за пласман во Топ 4, – вели Анчелоти за „Газета Дело Спорт“.