Калина и Александар починале во рок од еден час
На врвот Кајмакчалан, смртта настапила прво кај планинарката Калина Велеска, а еден час подоцна починал Александар Миновски. Времето на смртта е од извештајот за обдукција направен во солунскиот институт за судска медицина, а за Телма ги потврдил форензичарот Леонидас Мармалакис.
Обдукцијата утврдила дека причина за смртта е смрзнување. Нема одговор дали двајцата планинари имале други повреди и скршеници.