Внимание: Целиот балкан ЌЕ подпадне под снежна покривка од овој викенд!
Поларниот вртлог со потекло од Арктикот кој е веќе најавен уште пред неколку денови од овој викенд ќе го зафати целиот регион условувајќи интензивни снежни врнежи и МНОГУ НИСКИ температури на воздухот кој во делови на Балканот ќе падна ти под -20 степени.
Значителни снежни врнежи ќе има во делови од сите земји на Балканот вклучувајќи ја и нашата држава секако.
Во делови на Балканот и покрај големото количество на снег овој викенд и почетокот на следната недела се очекуваат нови дополнителни над 20 – 30 сантиметри снег а локално дури и повеќе.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сите граѓани кој овој викенд и на почетокот на следната недела планираат да одат во соседството и регионот да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и секако да возат со намалена брзина затоа што коловозите ќе бидат буквално во зимски услови.
Исто така и во Македонија се очекува студениот и блажен бран па така, утре и во сабота ќе се задржи претежно облачно време иако можни се и локални кратко сончеви периоди. Ќе има и слаби локални врнежи од дожд додека на планините слаби врнежи од снег.
Во недела и во понеделник под влијание на циклон и на студена воздушна маса од север ќе има врнежи претежно од снег кој ќе се интензивираат веќе од недела доцна попладне и навечер.
Сепак во некои од пониските котлини особено од јужната половина на државава повремено ќе има услови за врнежи од дожд и од снег или од влажен снег.
До вторник изутрина во најголем дел од државава ќе се формира снежна покривка додека на планините МНОГУ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ и тоа некаде за 40 до 50 сантиметри а понекаде дури и за повеќе.
РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку граѓаните за време на овој викенд како и на почетокот на следната недела планираат да заминат некаде во нашите скијачки центри по можност тоа да го одложат во подобри временски услови додека пак тие што веќе се и ќе бидат таму КРАЈНО ДА ВНИМАВААТ поради лошите временски услови и да не се движат во планина како и да не се оддалечуваат од своите викендички.