Синот на Сорос ја посети Шутка
Претседателот на Фондациите отворено општество – Њујорк, Патрик Гаспард и Александар Сорос, филантропист и син на Џорџ Сорос, во кратката посета на Македонија вчера ја посетија и општината Шуто Оризари. Гаспард и Сорос го посетиле локалното насление и со општинската администрација разговарале за развојни планови на општината.
„Горди сме што ги имавме за гости и што отворено ги разговаравме можностите за заедничка соработка. Воедно, пренесовме и покана до господинот Џорџ Сорос да ни биде гостин во следна прилика“, вели градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.