Мицкоски: До каде е истрагата за двајцата корумпирани политичари?
Јавноста чека одговори од премиерот за тоа до каде е истрагата за корупцијата на двајцата членови од неговата влада која беше најавена, изјави денес Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Општество во кое нема место за корупцијата“ беа зборовите кои ги ветуваа од владата. Но што добиваме: и официјално Република Македонија е означена како најкорумпирана држава во Европа. За 9 месеци оваа влада нема преземено ниту еден единствен чекор за сузбивање на корупцијата која го разјадува општественото ткиво. Неефикасното и зависно судство останува рак рана, неефикасни институции, отсуство на професионалност во раководниот кадар на полицијата, исклучително корумпиран менаџмент во здравство, како и широко распротранета корупција на институциите кои се во непосреден допир со граѓаните се само мал дел од големата слика за тоа каква држава сме денес – рече Мицкоски.
Според него, за Македонија која има брз и ефикасен правосуден и полициски систем е цел која нема алтернатива.