Влатко Мијалков дал оставка од советник во Царина
Влатко Мијалков, братот на Сашо Мијалков и братучед на Никола Груевски, кој го советуваше директорот на Царинската управа, поднел оставка на функцијата, потврдија оттаму за „Макфакс“. Од Царина додаваат дека оставката била на негово барање и не сакаат да споделат повеќе информации за, како што велат, да не му се нарушела приватноста.
Влатко Мијалков му беше советник на директорот на Царинската управа со години.