Солза Грчева: ВМРО ДПМНЕ се зрели да се самоексплодираат

Солза Грчева: ВМРО ДПМНЕ се зрели да се самоексплодираат

,,После изјавата на ВМРО дека само го поддржувале демократското право на протести (како да некој има право да забрани протести гарантирани со Устав), зрели се да се самоексплодираат. Ова е за рубриката “верувале или не“.“

Ова го напиша Солза Грчева на својот ФБ профил, од пред неколку дена основач на политичката партија Глас за Македонија.

Таа најави дека ќе биде на денешните протести.

,, Сите симпатизери, членови и поддржувачи на ГЛАС за Македонија ги повикувам заедно да кажеме дека нема веќе распродажба. Заврши!
Достоинствени, како што ни доликува. Не потпаѓајте на провокации, на лажни вести и спинови. Ќе не има секакви, но едно е важно: во право сме!“-пишува Грчева.

Претходно, ВМРО ДПМНЕ се огради од денешниот протест и објави дека не стои зад неговата организација. Кога ВМРО ДПМНЕ ќе организира протести, ќе бидат јавно најавени и граѓаните ќе бидат повикани масовно да се придружат.

– „ВМРО-ДПМНЕ го поддржува уставно загарантираното право за учество и организирање на протести. Во однос на протестот закажан за 27.02.2018, ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на истиот. Доколку ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да организира протести јавноста ќе биде навреме известена за природата на тој протест“- беше речено на прес конференција.

 

Треба да знаете
Последни објави