Кривични пријави за тројца скопјани кои ограбувале бутици

Кривични пријави за тројца скопјани кои ограбувале бутици

СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Љ. (22), Ф.И. (27) и Б.И. (23), сите од Скопје, поради постоење основано сомнение дека се сторители на вкупно 18 кривични дела – “тешка кражба“.

Пријавените, според документираните сознанија, во периодот од 26.11. минатата до 21.01. оваа година во продавници за спортска облека и опрема, како и други бутици на подрачје на Скопје, од штандовите одзеле повеќе парчиња облека, потоа влегувале во гардероберите и насилно ги демонтирале алармните уреди-бипери, по што ја сокривале облеката и без да бидат забележани излегувале од продавницте. На ваков начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 50.000 денари.

 

Треба да знаете
Последни објави