Протест за одбрана на името

Протест за одбрана на името

Започна протестот во Скопје организиран од патриотското здружение „Тврдокорни“ и „Македонски Обединети Сили“ за одбрана на името „Македонија“.

Повеќето учесници на протестот носат македонски знамиња. Оние кои излегле на протестот велат дека името не е на продажба, дека народот за тоа не е прашан, но и дека оној кој ќе го смени името брзо ќе си оди од власт.

Демонстрантите бараат крај на преговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на договорот за добрососедство со Бугарија и ослободување на притворените за настаните од 27 април во Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера кажаа дека не стојат зад протестот.

Во повикот за протест беше наведено дека е време за одбрана на татковината.

Треба да знаете
Последни објави