Усвоен оперативниот план за вработување

Владата на Република Македонија на вчерашната редовна 56. седница го прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

Со него, како што велат од Владата, посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години.

„Со оперативниот план ќе се создадат услови за создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица“, велат од Владата.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави