Џафери: Јас можам да расправам цела ноќ, но дали можат и другите пратеници
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека маратонските расправи по Законот за јазици не се решение на блокадата која ја наметнаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со доставените 35.000 амандмани. Џафери се надева дека на повидок е решение и очекува опозицијата наскоро да се врати и активно да учествува во работата на парламентот.
„Комуницирам со претставници на пратеничките групи, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ и мислам дека сме блиску до решение Јас можам да расправам и цела ноќ, но дали можат и другите пратеници, тоа не е решение“, рече Џафери на брифинг со новинарите.
Собранискиот спикер е дециден е дека нема да дозволи блокада на Законодавниот дом.
Тој додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално го известиле дека на нивната пратеничка група за координатор го одредиле Драган Данев.