Фудбалерите на Реал Мадрид минатиот викенд беа поразени од Еспањол, а со оглед на тоа што оваа сезона генерално играат лошо во шпанска Примера, претседателот Перез подготвува реконструкција на лето.
Флорентино Перез наводно веќе имал неколку замисли околу тоа како ќе изгледа тимот на Зинедин Зидан за идната сезона, а реконструкцијата ќе стартува на лето.
Главна мета на Реал Мадрид ќе биде напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн за кого Перез наводно бил подготвен да плати дури 200 милиони евра. Покрај тоа, Перез подготвил уште 100 милиони евра, плус парите кои што планира да ги заработи од продажбата на Герет Бејл и Карим Бензема.
Поради тоа, се шпекулира дека на „Сантијаго Бернабеу“ би можеле да пристигнат и Еден Азар и Мауро Икарди.