По утврдувањето дека постојат неправилноста во работата на болницата во однос на кадар и во однос на опрема, Министерство за здравство и ја одзеде дозволата за работа на Санте Плус.
Во врска со истрагата за случајот со смртта на родилката од Кичево која почина при породувањето, од јавното обвинителство не откриват детали. Одтаму велат дека ќе го чекаат извештајот од Комисијата формирана од Министерството за здравство која го разгледуваше овој случај. Надлежниот обвинител го разгледува случајот за да утврди дали има основа за отворање на истрага. Во меѓувреме, сите пациенти кои имале закажани разни прегледи или услуги во приватната болница Санте Плус, ќе мора да одат во други болници низ земјава.
По одлуката за одземање на дозволата за работа на болницата Министерството за здравство соопштува дека во моментот кога на болницата и била одземена дозволата немало пациенти кои лежеле во неа, а пациентите кои веќе имале закажани термини, се информираат нивните третмани да ги продолжат во соодветните здравствени домови.
Од државната Клиника за гинекологија велат дека имаат доволно капацитети за прифаќање на пациентите кои планирале здравствени услуги од Санте Плус.