На кралската венчавка ќе бидат поканети 1.200 луѓе од народот

Принцот Хари и Меган Маркл најавија дека 1.200 луѓе од народот на Велика Британија ќе бидат повикани да присуствуваат на свадбената церемонија, и заедно со парот да го прослават овој голем ден за кралското семејство.

 

Венчавката ќе се одржи во палатата Св. Џорџ на 19 мај, а оттаму прославата ќе биде продолжена во Виндзорската палата.

Од кралското семејство соопштија дека помеѓу дозволената бројка од 2.640 луѓе, ќе бидат поканети 1.200 луѓе од народот кои ќе можат да го просведочат стапувањето во брак на принцот Хари и Меган Маркл.

„Принцот Хари и госпоѓицата Меган Маркл сакаат да ја прослават нивната венчавка заедно со народот, па затоа 1.200 луѓе од цела Британија ќе бидат одбрани да присуствуваат на церемонијата. Оваа венчавка, како и сите други, ќе биде момент на среќа и радост кои ќе ги прикажат карактерните вредности на младоженецот и невестата“, стоеше во официјалната изјава на Палатата.

Парот реши дека сака луѓето кои ќе бидат повикани да се од различни етнички припадности, возраст и различни социјални средини, за да се почувствува разновидноста на народот во Велика Британија.

Помеѓу останатите гости ќе се најдат и 200 луѓе од различни добротворни организации, 100 деца од локални училишта, 610 работници и соработници на Виндзорската палата и 530 членови на Кралското семејно дрво.

Треба да знаете
Последни објави