Српскиот министер не дојде во Скопје, фатен заглавен во снегот во Белград како се валка за да си го извлече автомобилот
Утрово беше одложен е состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија на кој требаше да се изнајде решение за проблемот со увозот на српското брашно.
Двајцата министери не постигнале не постигнале согласност околу повлекувањето на спорниот Правилник за обележување на брашното со кој на српските мелничари им беше отежнат извозот на пазарот во Македонија, поради што е одложен и за денеска планираниот состонак во Скопје.
А токму утрово, на потпретседателот на српската влада му се случи двоен малер – му се расипа возилото среде длабок сенг, па едвај го поправил и го истуркал.
Ледениот бран го заплисна и Расим Љајиќ, потпретседателот на српската влада и министер за трговија, туризам и телекомуникации, и го натера среде Белград да се бања во снегот.
Екипата на српски Курир го улови министерот недалеку од неговото работно место во Палатата Србија во моментот додека се борел да го одглави автомобилот од снегот.
Се покажа дека Љајиќ имал двоен малер, зошто неговиот автомобил откажа послушност во длабокиот снег, па после поправката едвај успеа да го извлече на сигурен терен.
Среќа во несреќа е што на помош му дотрча пријател. Минута – две чепкаа нешто под хаубата, но ништо не се покрена додека министерот не легна во снегот за да го провери задниот трап на „голфот“.
Љајиќ не се штедеше, па без нималку двоумење легна на снегот и ги намокри панталоните и јакната. Онака на колена, загледа дека нешто не е како што треба, ја вртеше главата, мавташе со рацете и му довикуваше нешто на другарот кој се обидуваше да го стартува автомобилот. И вредеше! Се слушна моторот, а мајсторот Расим воздивна, чистејќи ја облеката од снегот.
Го турна тогаш автомобилот, го извлече на асфалтот, му се заблагодари на пријателот и седна повторно зад воланот. Министерот очигледно успеа навреме да стигне на седницата на Владата, зошто на фотографиите од таму се гледа дека уредно седи на своето место.