Твитерџиите распалија по Бекир Асани и полицајката
На социјалната интернет мрежа „Твитер“ денеска најактуелен е немилиот настан кој се случи кај Мавровка во кој е инволвиран високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани и припадничка на полициската служба.
Бројни коментари и саркастични идеи излегоа на социјалната мрежа по изјавата на полицајката Јасмина Јаначковска дека Асани не и ги нанел телесните повреди, туку таа сама се удрила во „пајак“ службата на Град Скопје.
извор: А1он