Тешко повреден маж, излетал со автомобил од патот
Вчеравечер во 19 часот на патот Куманово-Свети Николе во сообраќајна незгода тешко е повреден 43-годишен маж.
Според МВР кај место викано „Кантонче“, Д.Ј. (43) од Свети Николе, управувајќи патничко моторно возило сеат алхамбра, со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола по што возилото излетало од патот и се превртело.
Притоа, Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип.
Извршен е увид на местото на настанот.