Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од слаб дожд кои ќе започнат претпладне во западните делови, а на највисоките планините ќе се од повремен слаб снег, информира УХРМ.
Од пладневните часови врнежите ќе се прошират кон исток, а поинтензивни ќе останат особено на запад и југозапад. Врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во интервал од 7 до 12 степени.
Во Скопје облачно со повремено умерен југоисточен ветер. Од пладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а врнежите ќе потраат и преку ноќта. Температурата до 11 степени.
Врнежи од дожд во земјата ќе има и во вторник заедно со услови за појава на ретки грмежи на југоистокот, а во среда и во ноќта кон четврток кога ќе е постудено само понекаде на западот ќе има локален дожд. Во вторник и во среда ќе дува повремено засилен јужен и југозападен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава, што ќе овозможи забрзано топење на снегот. Од четврток особено попладне ќе започне период на суво време.