При распаравија и физичка пресметка, 75-годишен татко од кочанско со нож го пробол својот 38-годишен син.
Како што информираат од МВР, вчера околу 23.20 часот во село Теранци, кочанско, таткото Д.С.(75) со нож му нанел две убодни рани на синот Д.С. (38).
По нападот, Д.С. (38) бил пренесен во болницa во Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Таткото бил приведен во полициската станица во Кочани каде се преземаат мерки за расчистување на случајот.