Албанската пејачка Блеона дојде топлес на Vanity Fair забавата
Постоскаровската забава на Vanity Fair магазинот е местото каде познатите може да го поправат или доуништат модниот впечаток од црвениот тепих на Оскарите.
Додека едни оставија многу малку простор за фантазија, други се потрудија добро да се покријат.
На листата на најразголени за оваа година, несомнено е албанската пејачка Блеона, која самоуверено позираше пред фотографите со своите бујни и голи гради.
Веднаш зад неа е се најде супермоделот на Victoria’s Secret, Алесандра Амбросио во малку поскромно издание, но со подеднакво провокативна позадина која ги мамеше погледите на присутните.
Хали Бери можеби ја помина 50-тата, но и понатаму има тело на кое би му подзавиделе многу жени. Актерката се појави во супер кратко фустанче од колекцијата на Зухаир Мурад во кое на сите им остана да се прашуваат дали воопшто носи долна облека под него или не.
Манекенката Шанија Шајк несомнено беше најпристојната разголена дама на вечерта. Иако нејзиниот фустан изгледаше провокативно, сè беше спакувано на префинет начин.