Природен лек од вашата кујна: Сируп од ловоров лист кој ја спречува и најупорната кашлица

Сува и долготрајна кашлица во овој период од годината е многу честа појава кај многу луѓе. Различни сирупи и таблети можат на кратко да ја спречат, но за трајно спречување на кашлицата можете да побарате природен лек во вашата кујна – ловоров лист.

 

Се што ви е потребно за да направите домашен сируп од ловоров лист, кој ја спречува и најупорната кашлица, се шест листови ловор, 2,5 децилитри вода, шест лажици шеќер и еден лимон.

Подготовката на сирупот започнува така што ставате во сад вода да зоврие. Потоа во неа ги додавате ловоровите листови и ги оставате на оган од шест до десет минута.

Потоа садот со вода го процедувате во друг сад, односно овде ги додавате шеќерот и лимонот. Добро измешајте и почекајте шеќерот да се стопи.

Овој пијалак земајте го неколку пати дневно. Можете да земате по една лажичка секогаш кога ќе добивате силни напади на кашлица.

Овој домашен сируп можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Имено, ловоровиот лист е богат со многу минерали и витамин Б. Поради одличното антисептичко и против воспалително дејство, тој е одличен избор и за заштита на имунитетот.

Ловоровиот лист уште од одамна се користел како лек. Оваа билка помага и во подобро функционирање на нервниот и мускулниот систем, односно влијае позитивно и на метаболизмот и хормонскиот статус.

Чајот од ловор се користи и во лечење на болест на органите за варење, анорексија, губење на апетит, при шеќерни болести, грип, настинка и за други болести.

Треба да знаете
Последни објави