Возач усмртил пешак и избегал
Вчера околу 18 часот, на регионалниот пат Велес-Градско, непознато лице управувајќи патничко моторно возило непозната марка удрило во пешакот Д.В.(33) од велешкото село Аџиматово, по што лицето со возилото го напуштило местото на настанот.
Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.