Босанската полиција уапси Македонец кој се бара за убиство
Македонец кој се бара за убиство е уапсен при обид да влезе во Босна и Херцеговина. Службениците на Единицата за гранична полиција Вишеград вчера го привеле 43-годишниот Н.Б., државјанин на Република Македонија поради кривично дело „убиство’, соопшти граничната полиција.
Тој бил задржан при контрола при обид за влез во Босна и Херцеговина на Меѓународниот граничен премин Увац. Според најавите, тој денеска ќе биде предаден на надлежните органи.