ОПШТИНА БУТЕЛ ОТПОЧНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

Општина Бутел отпочна со акцијата за собирање електронски отпад по училиштата. Ќе се собере целиот електричен и електронски отпад од училиштата, и ќе се постават пластични корпи за отпадни батерии. 

Во соработка со компанијата Елколет акцијата освен во училиштата ќе се спроведе и на целата територија на општината каде ќе бидат поставени собирни станици во форма на киосци за оддложување на електронскиот и електричен отпад, а се во прилог на зачувување на животната околина и здравјето на луѓето.

Треба да знаете
Последни објави