Приведен тинејџерот што избоде 17-годишно момче на Рекорд
Денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје го приведоа Б.Н. (15) од Скопје во врска со нападот на 17-годишниот З.Т. на автобуската постојка „Рекорд“ на ул. „ Димитрие Чуповски“ на 01.03.2018 година, соопшти МВР.
Тој, заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од с.Љубин, скопско, физички го нападнале З.Т. и му нанеле убодна рана со тврд предмет во пределот на стомакот.
Б.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.