Клубот на пратенички ќе одбележи 15 години од формирањето

Клубот на пратенички ќе одбележи 15 години од формирањето

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одбележи 15-годишнината од формирањето. 

Најавено е да се обратат претседателот, потпретседателката и генералниот секретар на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, Фросина Ташевска-Ременски, Цветанка Иванова, координаторката на Клубот на пратенички Ѓулумсер Касапи, постојаната координаторка на Обединетите нации во нашата држава Луиза Витон. 

Обраќања ќе имаат и Даниела Димитриевска, директорка на Македонското женско лоби, една од основачките на Клубот на пратенички и поранешна претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Лилјана Поповска, Савка Тодоровска, претседателка на НСРР – СОЖМ…

На дискусијата „Зголемување на политичкото учество на жените“ ќе учествуваат пратеничките Соња Мираковска, Татјана Прентовиќ, Мирсаде Емини-Асани и Мерал Узеири Ферати. 

Треба да знаете
Последни објави