Пратениците од ДУИ им се налутија на колегите од СДСМ
Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ ги расакра СДСМ и ДУИ во Собранието. Тврдата позиција на собрансиксиот спикер и пратениците на ДУИ да ги отфрлат амандманите и да се гласа законот без амандманска расправа, не добија поддршка од СДСМ и Заев. Целодневните маратонски преговори меѓу коалициските партнери Заев, Ахмети и првиот паралментарец завршија неуспешно.
По целодневното натегање, Џафери ја одложои на неодредено време. Нема одговор што тоа би значело, но информацијата од Собранието е дека најмалку една недела нема да има седница.
Дуи молчи и не одговара зошто седницата се одложи по најавите дека законот сигурно поминува, амандаманите ќе бидат отфрлени. Нема одговор ниту од првиот парламентарец зошто на своја рака ја закажа седница без поддршка од СДСМ за отрфрлање на амандманите.
ОД ВМРО-ДПМНЕ пак кои целиот ден беа во собранието и чекаа да видат што ќе се случува со законот. Порачаа дека амандманската распарва мора да има, затоа што власта ќе го скрши деловникот. Тврдат Џафери не може да ги отфрли амандманите, бидејќи веќе ги ставил во процедура.
Рашетаните пратеници по ходници, бифиња, канцеларии, народните избраници просто не знаеа што со себе. Дел ги искористија удобните собраниски столчиња да одремат
Во одреден момент, хаосот дополнително го зголеми фактот што од собранискиот сајт беше тргната седница, за по реакцијата на новинарите да биде вратена. И додека власта се натегаше меѓусебе, опозицијата чекаше на чекор од нив, собранските известувачи беа најревнсни во собраниската галерија, чекајќи народните избраници да се фатат за работа.
Една собраниска седница ги чини граѓаните 30 000 евра, Џафери неодамна најави дека ќе штеди и дека нема безпотребно да се закажуваат пленарки, денеска случајот не беше таков.