Промени во Серија А: Италијаните ги скратуваат двата преодни рока

Комесарот на Серија А, Џовани Малаго, ги најави плановите на Серија А да се скратат двата преодни рока, почнувајќи од ова лето, откако слични реформи беа воведени во англиската Премиер лига.

 

Минатиот септември, Премиерлигашките клубови колективно гласаа за скратување на летниот преоден рок пред почетокот на сезоната 2018/2019.

Откако беа најавени датумите за почеток на сезоната во Серија А, Малаго најави дека сите тимови од Италија ќе мора да ги завршат сите трансфери заклучно со 18 август, 24 часа пред официјалниот почеток на лигашкото натпреварување, за разлика од досегашниот рок кој беше поставен за последниот ден од август.

Серија А отиде и чекор подалеку од Премиер лигата и реши да го скрати јануарскиот преоден рок, во согласност со промените во распоредот кој ќе се игра од наредната сезона, во кој тимовите ќе играат и за време на католичкиот Божиќ. Јануарскиот трансфер период ќе започне на 1 јануари, а ќе заврши на 25 јануари, 24 часа пред одигрувањето на Божиќното коло.

Според Малаго, овие промени се должат на културната револуција која ја зафати Серија А, со што се исчекорува чекор поблиску до блокбастер-културата на Премиер лигата, во која големите трансфери се случуваат рано во трансфер периодот и тимовите се комплетирано долго пред завршувањето на истиот.

Минатото лето Јувентус го направи трансферот на Бенедикт Ховедес на последниот ден од трансфер периодот, а од оваа година тоа веќе нема да може да го направи ниеден клуб.

Треба да знаете
Последни објави