Полицијата влезе во домот на тетовец, еве што пронајде при претресот
Завчера од 19.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на лицето А.Л. (34) од Тетово.
При претресот биле пронајдени четири кеси со марихуана.
Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, а А.Л. бил приведен.
По целосно документирање на случајот, против А.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.