Ископал тунел од спалната соба до најблиската кафана и секоја вечер пиел додека сопругата спиела
Водоинсталатер од Ирска, верувале или не, ископал тунел од својата спална соба до локалниот паб кој се наоѓа на 800 метри од неговата куќа.
За тоа му требале цели 15 години, а до идеја дошол откако го изгледал филмот „The Shawshank Redemption“. Причина – неговата сопруга многу хрчела.
Патси К. добил повик на суд откако по негова заслуга се пукнала канализациона цевка во соседната куќа. Тој пред судот раскажал се во врска со неговиот тунел, како и причината поради што копал предходните 15 години.
-Мојата сопруга има проблеми со хрчењето. Откако го изгледав филмот „The Shawshank Redemption“ 1994 година, одлучив да преземам нешто во врска со тоа, па почнав да копам дупка под креветот во правец на пабот.Ги користев сите можни алати, од лажица до бушилка за тунел која успеав да ја внесам во тунелот кога сопругата беше на пазарување. дури во 2009 година успеав да излезам од другата страна, и тоа во женскиот тоалет, изјавил Патси за Tyrone Tribulations.
Патси предходните пет години секоја вечер одел во пабот во 11 часот навечер и се враќал во еден часот по полноќ. Неговата жена не ни помислувала што прави нејзиниот маж и каде оди додека таа ќе заспие.
– Да бидам искрен, драго ми е што сум фатен. Сопругата секое утро чувствуваше дека мирисам на алкохол, а јас и одговарав дека тоае мојот природен мирис. Беше само прашање на време кога некој ќе ме фати. Сопственикот на пабот секогаш ме прашуваше како секогаш доаѓам од јикаде во исто време, и како исчезнувам од женскиот тоалет, додава Ирецот.
Туенелот бил откриен откако избил проблем со канализацијата кој бил предизвикан со пукање на цевка која Петси случајно ја удрил додека ја копал дупката.