
„Го гледаме ова константно влијание на Русите и не сакаме да бидеме подготвени само за одбрана. Ние работиме активно со државните и локалните функционери за избори“.
Првиот човек на американските разузнавачки служби изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп „активно е ангажирана“ во напорите да се спречат настојувањата на Русија да влијае на изборите.
„Белата куќа е активно ангажирана“, изјави првиот човек на националните разузнавачки служби – Ден Коатс, на сослушувањето во Сенатот на Соединетите Американски Држави и додаде дека „тоа за нив има висок приоритет“.

Коатс и другите американски разузнавачки функционери во повеќе наврати предупредија дека Русија се обидува да влијае на изборите со ширење на пропаганда и лажни вести преку социјалните медиуми, слично како и за време на претседателската кампања во 2016-та година.
„Се уштене сме ги виделе доказите на силните напори на Русија, но знаеме дека нивните злонамерни активности и натаму траат“, изјави Коатс на сослушувањето за „заканите во светот“.

„Голема е веројатноста дека нешто ќе направат. Не знаеме колку, каде и кога“, изјавил тој, додавајќи дека американските разузнавачки служби константно ги проследуваат информациите до администрацијата.
„Го гледаме ова константно влијание на Русите и не сакаме да бидеме подготвени само за одбрана. Ние работиме активно со државните и локалните функционери за избори“, изјави Коатс.



