По повод светскиот ден на мајките, 8ми март, вработените во Детската Градинка „11 Октомври“ заедно со децата, организираа приредба во градинката со тема “ ЗАТОА ШТО ТЕ САКАМ”.
На приредбата остварија средба градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, Амбасадорот на Р.Словенија Милан Јазбец и претставници од МТСП. Амбасадорот на Р. Словенија Милан Јазбец донираше играчки за децата од оваа градинка.