
Околу 300 рудари од Саса денеска излегоа на штрајк. Мултиетничкиот синдикат ја реализираше најавата. Бараат подобри услови за работа и повисоки плати. Маршираа и го блокираа патот што води кон рудникот. Ги пропуштаа сите автомобили и пешаци освен службените возила на рудникот.
Очекуваат новите сопственици од Централ Азија металс од Лондон да ги повикаат на разговор. Иако имаат повеќе барања, клучно е зголемување на платите. Од тоа не отстапуваат, се друго е предмет на преговори. Ако не добијат позитивни сигнали од раководството со протестот продолжуваат и утре.
Вчера генералниот директор на Саса, Неил Стивенсон рече дека имаат комуникација со, според нив, репрезентативниот синдикат член на СИЕР со кој имаат и потпишан колективен договор, a платите во рудникот се двојно повисоки од македонскиот просек.



