Иванов: Неправедниот закон и не заслужува да се нарече закон

Иванов: Неправедниот закон и не заслужува да се нарече закон

И по својата репресивна содржина, и по насилниот начин на кој е донесен, овој закон не е израз на демократијата, порача вечерва претседателот на државата Ѓорге Иванов и додаде дека законот е израз на тиранијата на парламентарното мнозинство врз мнозинството граѓани на Македонија кои никогаш не гласале ниту некогаш би гласале за политичка програма во која е предвиден ваков противуставен, анти-државен и суштински неправеден закон. А неправедниот закон и не заслужува да се нарече закон. Како Претседател на Република Македонија јас ова нема да го дозволам.

– Затоа, нема да потпишам Указ за прогласување на закон кој е донесен на ваков начин. Закон со кој се злоупотреби европското знаме, закон за кој не се водеше дебата по амандманите кои произлегоа од моите укажувања, закон кој се изгласа вон сите процедури, закон кој е противуставен и закон кој ги крши дадените гаранции. Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон -порача Иванов.

Тој во изјавата се обраќа и на пратениците и на граѓаните.

 

На пратениците им прача дека кога го вратил Законот за употреба на јазиците, детално и правно ја образложил одлуката и од нив побарал внимателно да ги разгледат забелешкит. Тој очекувалпратениците да постапат одговорно, совесно и како што налага Деловникот на Собранието.

– Начинот на кој по втор пат го изгласавте овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Се надевам дека сте свесни за преседанот што го правите и за последиците и штетите по правото и правната држава, што во иднина можат да произлезат од овој преседан. Не само што го злоупотребивте европското знаме на овој закон, туку ги прекршивте и сите правни процедури, постапки и рокови во начинот на неговото носење. Во ниту еден момент не побаравте консултации со науката и надлежните институции кои се најповикани да дадат свое мислење по прашањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија – вели Иванов.

Тој укажува дека така не се води држава, не се остваруваат стратешките цели, не се почитува Уставот, нешто на што се заколнавте при стапувањето на вашата исклучително одговорна општествена функција.

Иванов потсетува дека при доделувањето на мандатот на сегашниот премиер, во неколку наврати јасно и јавно укажал дека прашањето на употреба на албанскиот јазик не смее да го загрози уставното уредување на Република Македонија. Дека затоа побарал гаранции од мандатарот, кои ги добил но тие не биле испочитувани.

– Законот за употреба на јазиците, на начинот на кој што е напишан, но и изгласан, ќе предизвика целосна блокада на работата на институциите. Во услови на блокада на институциите, голема е веројатноста да се отвори прашањето за редефинирање на нашето уставно уредување. Законот за употреба на јазиците е неправеден и репресивен закон, кој фаворизира само еден јазик. Ваков закон ќе ги продлабочи меѓуетничките тензии и претставува закана по меѓуетничкиот соживот – смета шефот на државата.

Треба да знаете
Последни објави