Завршни зборови за случајот „Алмир“
Во Судот во Куманово денеска ќе бидат изнесени завршни зборови на судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир.
Од Јавното обвинителство велат дека ги презеле сите потребни дејствија во врска со овој предмет и оти очекуваат да биде донесена пресуда базирана на правната и фактичка состојба.
На прашањето дали ќе се преквалификува делото, Обвинителката Сузана Кусигерска не одговори, туку рече дека по рочиштето предвидено за завршни зборови, сè ќе биде јасно.