Жена се здобила со тешки изгореници во пожар во куќа
На улица „Сава Ковачевиќ“ во Куманово во куќа сопственост на Ч.К. избил пожар, при што целосно е опожарено приземјето на куќата. Од пожарот С.К.(60) се стекнала со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Куманово, по што поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Терезеа” на понатамошно лекување.
Во тек е истрага за причините за пожарот.