Законот за јазиците заробен во фиоката на Иванов

Иако членот 75 од Уставот го обврзува, Иванов најави дека нема да го потпише по вторпат усвоениот Закон за употреба на јазиците, со што тој не може да влезе во правна сила. Со тој потег Иванов ризикува импичмент .

Со објавата дека нема да го потпише указот за прогласување на, по вторпат изгласаниот Закон за употреба на јазиците, претседателот Иванов се определи за т.н. „џебно вето“. 

„Законот за употреба на јазиците, на начинот на кој што е напишан, но и изгласан, ќе предизвика целосна блокада на работата на институциите, и голема е веројатноста да се отвори прашањето за редефинирање на нашето уставно уредување (…) И по својата репресивна содржина, и по насилниот начин на кој е донесен, овој закон не е израз на демократијата. Овој закон е израз на тиранијата на парламентарното мнозинство врз мнозинството граѓани (…) Неправедниот закон и не заслужува да се нарече закон. Како претседател на Република Македонија јас ова нема да го дозволам. Нема да потпишам Указ за прогласување на закон кој е донесен на ваков начин“, соопшти Иванов. 

Треба да знаете
Последни објави