Тачи: Законот за јазици е добра желба за соживот

Претседателот на Косово, Хашим Тачи го поздрави донесувањето на законот за јазиците во Македонија и притоа ја изнесе оценката дека законот претставува и добра желба за соживот во земјата.

Тачи упати честитки до Албанците за донесениот закон и додаде дека законот сега овозможува институционална употреба на албанскиот јазик и во највосоките државни институции, истакнувајќи дека неговото донесување го отрвара патот за интегрирање на Македонија во ЕУ.

Донесувањето на законот го поздравија и премиерот Рамуш Харадинај и претседателот на Собранието, Кадри Весели.

Треба да знаете
Последни објави